СТРУГА 2025: Стартува 53. издание на престижниот турнир – четири дена возбудувања

Малку спортски манифестации во Македонија – па и во регионот – можат да се пофалат со долговечност, квалитет, препознатливост и уникатност, како што тоа може да го потврди турнирот во Струга. Денеска почнува неговото 53. издание кое повторно има меѓународен карактер. Со него традиционално се означува и почетокот на новата ракометна сезона на домашна сцена како прв турнир.

Шест екипи од три земји поделени во две групи ќе се борат не само за големиот пехар, туку и за титулите најдобар играч, најдобар стрелец и најдобар голман. Покрај домаќинот Струга година на игралиштето „Горан Попоски – Бабец“ ќе се појават и екипите на Бутел Скопје, Тиквеш Кавадарци, Охрид, Бурса од Турција и Раднички Крагуевац од Србија.

Турнирот ќе почне со „езерското дерби“ меѓу Струга и Охрид, кои на теренот се вистински ривали, но во животот најблиски соседи. „Гостите“ се фаворити поради фактот што ангажираа повеќе познати и докажани ракометни имиња. Важат и за главен фаворит за освојување на турнирот.

Бутел од „втор ред“ ќе ја чека шансата бидејќи би требало да биде тимот што ќе се бори за финалето од другата група. Колку што Охрид е фаворит, толку и турска Бурса која е дебитант доаѓа со амбиција да биде вториот турски тим што триумфирал тука.
Бурса влегува во историјата на турнирот бидејќи нивниот тренер Илкнур Куртулуш, е првата жена тренер што доаѓа во Струга и ќе води екипа на овој турнир. Ќе ги надмудри ли своите машки колеги.

Тиквеш секогаш е незгоден тим, повторно со повеќе нови играчи, но со енергија која доколку правилно се насочи секому ќе му биде тежок ривал. Хендикеп е што имаат многу нови играчи. Раднички Крагуевац е тим од златната средина на табелата во Србија. Домаќинот Струга со проблеми со повреди, и се уште не целосно комплетиран ростер ќе собира искуство пред стартот на сезоната.

Нуту една од екипите досега не триумфирала на турнирот, што значи победникот ќе им се приклучи на оние тимови кои се запишани до долгата историја на ракометниот турнир. Традиција на одржување на турнирот почна во 1973 година, од желба да се овековечи името и делото на еден извонреден ракометар – Вангел Баљукоски – Баљук. Она што започна како локален турнир, денес е престижна манифестација од европски и светски рамки, запишана во календарот на Европската ракометна федерација.

Вардар и Еурфарм Пелистер со по 14 трофеи се најуспешните во историјата, но секоја година се пишува ново поглавје. Последните пет сезони се менуваа меѓусебе како победници. Годинава ги нема во Струга, но ќе ги следат своите ривали со кои ќе треба да играат во домашното првенство.

За првпат во историјата на турнирот, сите натпревари ќе се играат на специјална ракометна подлога „Gerflor“ – истата каква што се користи на сите натпревари од Лигата на шампионите, како и на европските и светските првенства.

Ни претстојат четири врвни, и екстра интересни денови во Струга.

_____________________________________________________________

❗❗  Дознајте ги сите новости поврзани со 53. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24Ракомет.

❗❗  Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракометдобивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон…
_________________________________________________________

СТРУГА 2025: Костоски – Ќе биде интересен „езерски двобој“ на отворено, ќе се надигруваме 60 минути

СТРУГА 2025: Ѓоргиевски – Вистинско уживање е да се игра на овој турнир

СТРУГА 2025: Кузманоски – Турнирот има посебно значење за мене, секогаш бил атрактивен

СТРУГА 2025: Ројевиќ – Се радувам на настапот на турнирот, сум слушал само пофални зборови

СТРУГА 2025: Ојлески – Ова ќе биде прв тест за „новиот Охрид“, драго ми што ќе има „езерски двобој“

СТРУГА 2025: Раднички доаѓа првпат – да го претставиме клубот и градот во најдобро светло

СТРУГА 2025: Симиќ – Ќе играм против екипа од мојот град, на турнирот ќе видиме до каде сме

СТРУГА 2025: Грчевски – Да го оствариме она за што вредно и чесно работиме

СТРУГА 2025: Одредени официјалните лица за 53. издание на турнирот

СТРУГА 2025: Познат распоредот – езерски двобој за старт на турнирот

СТРУГА 2025: Одредени групите – еве кој против кого на традиционалниот турнир