Организацискиот одбор на Струшкиот турнир реши да направи мала промена на саатниците на натпреварите од вториот натпреварувачки ден од 53. издание.
Поради високите температури и топлото време наместо во 18:30 часот, првиот натпревар ќе започне во 18:45 часот.
Вториот натпревар што требаше да започне од 20:40 часот, ќе стартува во 20:55 часот. Ова важи за денеска и утре, а дополнително ќе биде решено за финалните натпревари в сабота.
На првиот натпреварувачки ден, Охрид славеше против Струга со 31-23, додека Бутел Скопје и Раднички Крагуевац ремизираа, 32-32.
Денеска во првиот термин од 18:45 часот ќе играат екипите на Тиквеш и Раднички Крагуевац, додека од 20:55 ќе се сретнат Охрид и турската Бурса.