СТРУГА 2025: Охрид ја освои Струга на првиот меч

Еден од фаворитите за трофеј на 53. издание на Струшкиот турнир, екипата на Охрид со победа над домаќинот со 31-23 го отвори првиот натпреварувачки ден.

Охриѓани, кои на овој меч настапија со комбиниран состав и со Бојаниќ, Цирар и Кукуловски, заедно со голманите Блажески и Ѓорѓески, уште по првиот дел направи солидна залиха.

На нивната клупа седеше Наум Бабачев, кој со пионерите освои титула на Ф4 лани, а од тој состав шанса добија поголем дел од ракометарите.

Струга, која настапува некомплетна на овој турнир, без дел од странските засилувања и без повредените Талевски, Пајкоски и Атанасовски, поведе на стартот со 1-0, а потоа доминираа Шипинкоски и Кукуловски, па Охрид ја презема контролата на теренот и водеше со 5-3, па 8-5.

Струга – Охрид

Охриѓани најчесто водеа со два до четири гола разлика, а на паузата има плус три 14-11. Домаќините имаа добар старт на второто полувреме, успеаја да намалат на минус еден во два наврати, но немаа сили за комплетен камбек во натпреварот.

Тренерот Ферукоски им даде шанса на повеќето млади од клупата, дел од нив постигнаа погодоци на задоволство на струшката публика. Во последните пет минути и Бабачев им подели минутажа на играчите од младинската школа да ги покажат своите квалитети.

Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Кукуловски со осум, Шипинкоски со седум и Бојаниќ со шест погодоци, додека кја Струга се истакнаа Мечкароски со седум и Костоски со пет гола.