Организаторите на Струшкиот турнир ги започнаа подготовките за 53. издание на традиционалниот турнир, еден од најстарите во Европа.
Оваа година на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ ќе играат шест екипи – четири македонски и две странски.
Одредени се групите за новото издание на Струшкиот турнир. Во групата А домаќинот Струга ќе се соочи со Охрид и турската Бурса.
Во групата Б, двата македонски претставници Бутел Скопје и Тиквеш ќе го имаат за ривал српскиот Раднички Крагујевац.
Натпреварите ќе се играат од 13 до 16 август, а распоредот ќе биде дополнително познат.