СТРУГА 2025: Капитенот на Бурса – сите турски екипи имаат само пофални зборови за турнирот

Како најдолговечен ракометен турнир на овие простори, Струга продолжува да ја негува традицијата, со меѓународниот турнир на отвореното ракометно игралиште покрај „Женската плажа“ да се означи и почетокот на новата сезона. Годинава, по 53. пат ќе се игра „европски“ ракомет во Струга, со 6 екипи од кои две се од странство. Од 13 до 16 август, се ќе биде во знакот на ракометот.

Капитенот на Бурса Рамазан Мутлу, смета дека настапот на тимот на турнирот во Струга ќе биде генерална проба пред почетокот на домашното првенство вво Турција. Потоа следува настапот на Супер купот, па и почеток на првенствоо.

Бурса доаѓа како вицепрвак на Турција, и главната цел на екипата на турнирот во Струга е да одигра квалитетни натпревари. Иако досега не настапувал на овој турнир, тој истакна дека турските екипи кои учествувале претходните години зборуваат многу позитивно за него.

„Сите наши ривали од Турција кои тука играле имаат само пофални зборови. Во Струга ќе имаме сериозни тестови. Сите екипи ги респектираме и верувам ќе понудиме добри натпревари“, вели капитенот.

Бурса ќе настапи без еден играч, но според капитенот тоа нема да биде проблем, бидејќи на секоја позиција имаат по тројца квалитетни ракометари.

„Ние сме фаворити за освојување на трофејот“, уверено додава тој.

Кога станува збор за целите во сезоната, капитенот е јасен – Бурса Нилуфер сака да ја заврши оваа година со три трофеи.

Бурса по пауза од десет години повторно ќе игра во евроспките купови. Оваа сезона ќе настапи во Купот на ЕХФ каде во второто коло ќе се сретне со тимот на Хаукар Хафнарфјордур од Исланд. Тие натпревари се на почетокот на октомври.

БУРСА – сезона 2025/2026
ДОЈДОА:
Деан Шешиќ, Толга Озбахар, Онур Ерсин, Реза Јадегари, Владан Ѓурѓевиќ
ЗАМИНАА:
Озалп Мучахит, Оздирик Јашар и Бичер Горкем.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ НА „СТРУГА 2025“
14 август: Охрид – Бурса
15 август: Струга – Бурса
16 август: меч за пласман

 

❗❗  Дознајте ги сите новости поврзани со 53. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24Ракомет.

❗❗  Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракометдобивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон…

СТРУГА 2025: Бурса доаѓа првпат покрај езерото – и доаѓа по трофеј