На претстојното 53. издание на Струшкиот ракометен турнир ќе се испише уште една страница во историјата на оваа престижна манифестација. Турскиот тим Бурса Нилуфер ќе го предводи Илкнур Куртулуш, единствената жена што како прв тренер некогаш водела или ќе води екипа на овој турнир.
Куртулуш, која минатата сезона ја однесе својата екипа до финалето во турската Супер лига, а оваа година се засили со пет нови ракометари, во Струга ќе дебитира со амбиција да стигне до финалето и да го освои пехарот.
„Ова е многу специјален, историски и тежок турнир. Фактот што се одржува 53 години го потврдува тоа. Како клуб сакаме да победиме на секој натпревар и да завршиме први“, изјави Куртулуш.
Нејзиното присуство и водство претставуваат голем исчекор за турнирот, кој со децении собира врвни машки тренери, но досега ниту една жена не била на кормилото на екипа како прв тренер во ова натпреварување. Досега имало екипи кои во својот стручен штаб имале дами, но само како асистенти.
❗❗ Дознајте ги сите новости поврзани со 53. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24Ракомет.
❗❗ Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон…