Финалниот натпревар на 53. издание на Струшкиот турнир меѓу составите на Охрид и Бутел Скопје ќе се одигра во СЦ „Тими“.
Поради лошите временски услови во Струга и дождот кој заврна, најпрво мечот за третото место се пресели во сала, а ист ќе биде случај и со финалето.
Актерите на теренот ќе го одиграа дуелот за трофеј во СЦ „Тими“ со почеток во 21:30 часот, односно откако ќе заврши мечот меѓу Бурса и Тиквеш.
Раднички Крагуевац го освои петтото место откако ја победи Струга со 37-28.