СТРУГА 2025: Дождот направи проблеми – мечот за трето место ќе се игра во „Тими“

Дождот неретко знаел да направи проблеми на Струшкиот турнир, а таков е случајот и оваа години.

По само неколку минути игра на мечот за третото место меѓу турската Бурса и Тиквеш, тој беше прекинат.

Влажниот терен на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ може да биде причина за повреди, па организаторите решија дуелот за третото место да продолжи во СЦ „Тими“.

Бурса и Тиквеш ќе продолжат по 20:15 часот, додека за финалниот натпревар ќе има дополнителна одлука каде ќе се игра во зависност од временските услови.