Автентичноста на меѓународниот турнир во Струга е тоа што истиот се игра на „Отвореното игралиште“ на отворено, под рефлектри во август. Во периодот кога се одржува турнирот сите сакаат да бидат покрај теренот и да ги видат најдобрите тимови што тука доаѓаат. Најголем проблем беше како сите да дојдат на натпреварите.
Се до 2016 година капацитетот беше околу 1.000 лица кои можат да влезат и да седнат. На северната трибина можеше да влезат околу 800 лица, додека на јужната околу 200. А тоа беше премалку за се поголемиот интерес. Проблем беше и што немаше доволно соблекувални и простории за нормално извршување на сите функции на турнирот.
Во 2016 година кога турнирот ја прославуваше својата 44 годишнина, капацитетот на игралиштето беше зголемен за дополнителни 1.500 места. Тогаш беше изградена новата трибина која вклучи и дополнителни поттрибински простории, и соблекувални за екипите и официјалните лица. Со тоа сега вкупниот капацитет на гледачи е зголемен на 2.300.
Секако тука не се вбројуваат оние пто ќе дојдат до оградата, па низ нејзе ќе ги следат мечевите. Плановите беа да се зголеми капацитетот и на северната трибина, и да се покрие игралиштето за да се заштити од атмосферските влијанија. Но, сега тоа е план кој чека реализација.
❗❗ Дознајте ги сите новости поврзани со 53. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24Ракомет.
❗❗ Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон…