Како најдолговечен ракометен турнир на овие простори, Струга продолжува да ја негува традицијата, со oорганизирање на меѓународниот турнир на отвореното ракометно игралиште покрај „Женската плажа“ што ќе означи и почетокот на новата сезона. Годинава, по 53. пат ќе се игра „европски“ ракомет во Струга, со 6 екипи од кои две се од странство. Од 13 до 16 август, се ќе биде во знакот на ракометот.
Турнирот во Струга е најуникатниот турнир што се одржува пред почетокот на сезоната на овие простори, бидејќи се игра на отворено. Многу познати имиња како играчи, тренери и екипи дошле во Струга да бидат дел од овој турнир. Традицијата почна во 1973 година кога на турнирот играа четири тимови: Вардар, Пелагонија Битола, Струга и Електромонтажа Охрид.
Во почетокот на 70-тите години доминираше еден тим во Македонија, скопски Вардар. Тие победија на првото издание на турнирот. Од три натпревари победија на два и единствено со Електромонтажа Охрид одиграа нерешено. Најважниот дуел се одигра последниот ден кога Струга и Вардар меѓусебе решаваа кој ќе победи. Вардар победи со 22-21.
Тренер на тогашниот тим на Вардар беше Лефтер Бошковски, кој подоцна ќе биде и селектор на сениорската женска репрезентација на Македонија. Во тимот на Вардар во 1973 година настапувал и Славе Атанасовски, подоцна прв селектор на машката репрезентација на Македонија по осамостојувањето на државата.
Голманот Ванчо Јовановски исто така бил дел од тимот на скопјани, кој следната година ја добил и наградата на МВП на турнирот.
Составот на Вардар кој победи во Струга во 1973 година.
Ванчо Јовановски – голман
Никола Божиновски – лев бек
Славе Атанасовски – среден бек
Мите Здравковски – пивотмен
Гоце Сипкоски – лево крило
Предраг Зорба – лево крило
Миле Гиевски – крило
Горан Лозановски – среден бек (пикер)
Филип Пејоски – бек
Борче Наумоски – пикер
Кире Ивановски – десно крило
Мате Насков – голман
тренер: Лефтер Бошковски
❗❗ Дознајте ги сите новости поврзани со 53. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24Ракомет.
❗❗ Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон…