Како најдолговечен ракометен турнир на овие простори, Струга продолжува да ја негува традицијата, со oорганизирање на меѓународниот турнир на отвореното ракометно игралиште покрај „Женската плажа“ што ќе означи и почетокот на новата сезона. Годинава, по 53. пат ќе се игра „европски“ ракомет во Струга, со 6 екипи од кои две се од странство. Од 13 до 16 август, се ќе биде во знакот на ракометот.
Покрај трофејот за најдобрата екипа на турнирот во Струга, традиционално има и индивидуални награди за најдобри три играчи. Се избираат најдобра играч, најдобар голман и најдобар стрелец. Традицијата за наградување на најдобриот играч на турнирот почнала во 1974 година.
Тогаш за првпат е востановена наградата за најуспешен играч на турнирот, а таа чест заслужено му припадна на голманот на Вардар – Ванчо Јовановски. Публиката со громогласен аплауз го поздравила од трибини на градското игралиште.
Јовановски потоа беше и тренер на Вардар, но и селектор на сениорската репрезентација на Македонија предвидејќи ја на првото ЕП 1998 година. Тој е првиот Македонец што играше во германската Бундес лига.
Лани за најдобар играч на турнирот беше прогласен Филип Кузмановски, капитенот на Еурофарм Пелистер. Битолчани лани стигнаа до 14. титула со што се изедначија со Вардар како најтрофејни на турнирот.
На 53. издание на Струшкиот турнир сега ќе настапуваат екипите на Струга, Тиквеш, Бутел Скопје, Охрид, Бурса и Раднички Крагуевац.
Со нетрпение го очекуваме почетокот на турнирот, а дотогаш – читајте 24Ракомет…
❗❗ Дознајте ги сите новости поврзани со 53. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24Ракомет.
❗❗ Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон…