Како најдолговечен ракометен турнир на овие простори, Струга продолжува да ја негува традицијата, со oорганизирање на меѓународниот турнир на отвореното ракометно игралиште покрај „Женската плажа“ што ќе означи и почетокот на новата сезона. Годинава, по 53. пат ќе се игра „европски“ ракомет во Струга, со 6 екипи од кои две се од странство. Од 13 до 16 август, се ќе биде во знакот на ракометот.
Ова лето на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај Женската плажа во Струга ќе продолжи традицијата започната во 1973 година кога се одржал првиот Струшки турнир.
На 53. издание на Струшкиот турнир ќе настапуваат екипите на Струга, Тиквеш, Бутел Скопје и Охрид, како и двете странски екипи – турската Бурса и српскиот Раднички Крагуевац.
Последните два освојувачи на турнирот, Еурофарм Пелистер и Вардар ова лето нема да бидат дел од Струшкиот турнир.
Низ историјата на турнирот, само пет македонски екипи го освојувале трофејот покрај езерото.
На првото место, со по 14 трофеи се Вардар и Еурофарм Пелистер, а двете најдобри македонски екипи имаат освоено половина од титулите на Струшкиот турнир
Покрај езерото, на трофеј се имаат израдувано и екипите на Металург, ТК Бренд и ВВ Тиквеш.
❗❗ Дознајте ги сите новости поврзани со 53. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24Ракомет.
❗❗ Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон…