СТРУГА 2025: Бутел Скопје и Раднички ремизираа во драмата покрај езерото

Ракометарите на Бутел Скопје и Раднички Крагуевац одиграа драматичен натпревар, кој заврши нерешено, 32-32, кој беше решен во последната секунда. Тео Тодески успеа да погоди во голот на гостите од Србија за по еден бод на крајот за двете екипи. Раднички имаше плус два во финишот, но на крајот бутелци покажаа карактер и стигнаа заслужено до реми.

На почетокот на мечот, бутелци беа тие што го диктираа темпото и имаа водство од 7-5 по десетина минути игра, па гостинскиот тренер мораше да бара тајм-аут. Гостите набрзина направија комплетен пресврт и до крајот на полувремето одржуваа позитива од два до три гола.

На паузата беше 18-15, во вториот дел Раднички стигна и до плус четири, па Кузманоски реагираше со минута одмор и неговите избраници по успешните одбрани на Трајкоски се вратија на минус два.

Бутел – Раднички Крагуевац

Во последните десетина минути се влезе со 28-26, Бутел не искористи прилики за реми, па беше казнет. Голманот Стојаноски не погоди од гол на гол, па Раднички зголеми на плус два, 29-27.

Гостите од Србија тргнаа во напад за плус три, а тренерот Куранџиќ побара тајм-аут. Стојаноски фати една топка и Бутел тргна во контра, но Петровиќ се истакна на спротивната страна.

Во последната минута беше драматично, Раднички водеше со 32-30, но најпрво Субашевски намали, па потоа гостите не го погодија нивниот последен напад и Тодески во последната секунда беше прецизен за реми.