СТРУГА 2024: Дали знаете кој играч има освоено најмногу титули на турнирот?

Откако пред две години го прослави „златниот јубилеј“, познатиот ракометен турнир во Струга ја продолжува традицијата на најстарата спортска манифестација во Македонија. Годинава од 14 до 17 август по 52. пат отвореното ракометно игралиште покрај „Женската плажа“ во Струга повторно ќе биде местото каде ќе се темпира формата за новата сезона, но и ќе се борат екипите за престижниот трофеј.

Скопски Вардар и битолски Еурофарм Пелистер се единствените со двоцифрен број на трофеи на турнирот во Струга – со 14, односно 13. Тие се и најтрофејните во 50 годишната историја на уникатниот турнир што се одржува на отворено покрај Охридско Езеро. На листата на рекордери со двоцифрен број трофеи и со една идивидуална награда се вбројува и еден играч.

Интересно е дека тој играч е поранешен член и на Вардар и на Еурофарм Пелистер. Со двата тима освојувал трофеи во Струга, но и со уште еден тим за кој настапувал. Играше на позиција на крило и беше дел од сите најголеми успеси на репрезентацијата на Македонија.

Стевче Алушовски во својата богата кариера има освоено вкупно 12 трофеи во Струга. Најмногу има освоено со Еурофарм Пелистер – шест (сите во периодот од 89 до 97 година). Потоа се сели во Скопје каде со Вардар од 2000 до 2007 година петпати триумфрал во Струга. Има и еден трофеј со Металург во 2012 година. Следната година заминува во пензија.

Зад себе има и една индивидулнa награда за најдобар играч на турнирот од 2006 година. Како тренер беше дел од финалето во 2020 година на клупата на Вардар, но во тој дуел на неговите два поранешни тима за кои играл, подобри беа битолчани. Исто така како тренер на Еурофарм Работник беше дел од финалето во 2019 година кога битолскиот тим загуби од АЕК Атина.

Дознајте ги сите новости поврзани со 52. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24Ракомет.

,
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон…