СТРУГА 2024: Дали знаете кои мак-екипи освен Вардар и Еурофарм Пелистер го освоиле Струшкиот турнир

Откако пред две години го прослави „златниот јубилеј“, познатиот ракометен турнир во Струга ја продолжува традицијата на најстарата спортска манифестација во Македонија. Годинава од 14 до 17 август по 52. пат отвореното ракометно игралиште покрај „Женската плажа“ во Струга повторно ќе биде местото каде ќе се темпира формата за новата сезона, но и ќе се борат екипите за престижниот трофеј.

Ова лето на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај Женската плажа во Струга ќе продолжи традицијата започната во 1973 година кога се одржал првиот Струшки турнир.

На 52. издание на Струшкиот турнир ќе настапуваат екипите на Струга, Вардар, Eурофарм Пелистер, Тиквеш, како и двете странски екипи – шведскиот Гуиф и грчкиот ПАОК Солун.

Ланскиот освојувач, Вардар, ќе ја брани титулата освоена минатото лето, со триумфот над тимот на Кире Лазаров.

Низ историјата на турнирот, само пет македонски екипи го освојувале трофејот покрај езерото.

На првото место, со 14 трофеи е Вардар, следува Еурофарм Пелистер со 13, а двете најдобри македонски екипи имаат освоено половина од титулите на Струшкиот турнир

Покрај езерото, на трофеј се имаат израдувано и екипите на Металург, ТК Бренд и ВВ Тиквеш.

Дознајте ги сите новости поврзани со 52. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24Ракомет.

,
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон…