Младинската репрезентација на Македонија ги доби за ривали Австрија, Црна Гора и Хрватска на претстојното Европско првенство.
Селекторот Раде Стојановиќ ги сподели импресиите по ждрепката и вели дека се работи за група на стари познаници.
„Ждрепката не смести во четвртиот шешир, иако можевме да бидеме и во третиот шешир пред Европско младинско првенство во Словенија на кое за првпат настапуваат 24 репрезентации. Заедно со наши познати противници Австрија, Хрватска и Црна Гора сме дел од група А. Запознати сме со квалитетот и претходното искуство на секој противник од оваа група, но и истовремено свесни дека истите го познаваат нашиот. Добрата подготовка, дисциплина, желбата за победа, борбеноста и пожртвуваноста ќе бидат пресудни за секој натпревар на престојното ЕП во Словенија“, вели Стојановиќ.
Распоредот ќе биде дополнително познат со точните термини и саатници, а Македонија на првата средба ќе се соочи со Хрватска, со која се планирани и две пријателски средби во ЕХФ неделата во март.
Младинците со поволна ждрепка – добија балканска група на ЕП!