Ракометарите на Кичево со победа го започнаа настапот во прволигашкиот плеј-аут, откако на свој терен го совладаа Текстилец од Штип со 29:24.
Домаќините победата ја обезбедија уште во воведните десет минути, на пауза заминаа со предност од 18:10 и рутински го одработија вториот дел.
Предводник во победничката екипа беше Стефан Стефаноски, кој постигна 13 погодоци. Во поразениот табор со девет погодоци се истакна Дарио Јорданов.
Кичево во 2. коло од плеј-аут фазата ќе гостува во Свети Николе кај Овче Поле, додека Текстилец пред домашната публика ќе ја пречека екипата на Преспа Вардар.