Стартува Купот на Македонија – 18 екипи во борба за групна фаза

Денеска со осум меча и утре со уште еден ќе биде одиграно елиминациското коло во Купот на Македонија.

Деветте победници од овие средби ќе се пласираат во групната фаза, од каде пак ќе имаат можност да се борат за Ф4.

Во групната фаза веќе се пласирани екипите на Вардар, Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје, Тиквеш, Охрид, Пролет и „сино-белите“ од Автокоманда.

Нив ќе им се придружат уште девет екипи, а во следната фаза ќе има најмалку четири прволигашки екипи.

Куп на Македонија, елиминациско коло:

25/02, 17:00, Струга – Аеродром (Струга)
25/02, 17:30, Овче Поле – Еурофарм Пелистер 2 (Битола)
25/02, 18:00, Македонија Ѓорче Петров – Преспа (Ѓорче Петров)
25/02, 19:00, Шампион – Куманово (Куманово)
25/02, 19:30, Прилеп – Партизан Гевгелија (Прилеп)
25/02, 20:00, Текстилец – Младост Богданци (Богданци)
25/02, 20:00, Јехона – Радовиш (Гостивар)
25/02, 20:30, Мулти Есенс – Вардар Неготино (Автокоманда)
26/02, 20:00, Кичево – Драчево Јуниор (Кисела Вода)