Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од петтото коло во Лигата на Европа.
Moжеби најважниот натпревар на Вардар во битката за прогрес, но и за место повисоко во групата против Бенфика ќе го судат скандинавски арбитри.
Станува збор за Јакоб Пах и Кар Јохан Тигесен, додека делегатот доаѓа од Чешка – Јири Конечни.
Натпреварот меѓу Вардар и Бенфика се игра утревечер со почеток во 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.
























