Србија без Милосављев, Цупара, Марсениќ…Чутура го објави првиот список

Привремениот селектор на машката сениорска репрезентација на Србија, Далибор Чутура, го објави поширокиот список за декемвриската ЕХФ недела.

Како што е познато, репрезентацијата на Србија нема да учествува на Светското првенство 2025, па така овој период од подготовките ќе биде искористен за воигрување за преостанатите четири квалификациски натпревари за ЕП 2026.

На првиот список кај Чутура партиципираат 32 ракометари, а ги нема искусните Дејан Милосављев, Владимир Цупара, Мијајло Марсениќ, Богдан Радивојевиќ…

Репрезентацијата на Србија во периодот од 2 до 6 јануари ќе настапи на силниот турнир „Трофеј Карпати“ во Романија, а на 8 и 10 јануари ќе тестира против Унгарија.

Нашиот северен сосед токму со Чутура ќе ги доврши квалификациите за пласман на Европското првенство 2026, кое ќе се одржува во Данска, Норвешка и Шведска.

Во периодот од месец март, па до мај, репрезентацијата на Србија ќе игра двапати со Шпанија и по еднаш со Летонија и Италија.