СП 2025: Германија одигра за Црна Гора и ја прати во ТОП 8

Домаќинот на СП, Германија, не ги штедеше силите за четвртфиналето и ја совлада Шпанија со 29-25, а со тоа и направи услуга на Црна Гора и ја испрати во ТОП 8.

На табелата, Германија е прва со максимум десет бода, а Црна Гора е втора со шест бодови, додека Србија остана трета со пет.

Џабе беа десет гола на Со Делгадо за Шпанија, а кај Германките се истакнаа Фегел со шест и Дол со пет гола.

Франција ја запиша петтата победа на Мундијалот, втора во главната рунда и ќе го чека последното коло во битка со Холандија за првото место во групата.

Светско првенство, главна рунда, резултати:

група 2
Шпанија – Германија 25-29
Црна Гора – Србија 33-17
20:30 Фарски Острови – Исланд

табела: 1. Германија 10, 2. Црна Гора 6, 3. Србија 5…

група 3
Аргентина – Франција 17-29
Австрија – Тунис 25-27
20:30 Полска – Холандија

табела: 1. Франција 8, 2. Холандија 6, 3. Полска 4…