Сонот за четвртфинале на селекцијата на Србија заврши по поразот од Црна Гора со убедливи 33-17. Човек на одлука беше голманката Армел Атингре, која успеа да одбрани дури 18 удари на противничките ракометарки со 62%.
Црна Гора поведе со 5-0 и уште на стартот се виде дека Црногорките ќе доминираат. Имаше Србија повремени блесоци, но ниту еднаш не ја намали негативата под три гола.
Бадијала беа тајм-аути на Прадес, промените на голманките пет пати, ништо не им одеше од рака на српските ракометарки, кои сега и отворија шанса на Шпанија да се бори за четвртфинале ако слави против домаќинот Германија.
Црногорките сега ќе мора да чекаат услуга од Германија, која мора да ја совлада Шпанија, за Црна Гора да оди во ТОП 8. На табелата Германките се сигурно први со осум бодови и меч помалку, Црна Гора има шест, Србија пет, додека Шпанија е четврта со четири бодови, но има подобар меѓусебен дуел со Црногорките.
Австрија во неважен натпревар кој ќе одлучува само за конечниот пласман, загуби од Тунис со 27-25.

























