СП 2023 – ГРУПА Ф: Германија фаворит, напаѓаат Полска и Јапонија

Од 29 ноември до 17 декември, Данска, Шведска и Норвешка ќе бидат домаќини на најдобрите 32 женски репрезентации од целиот свет. Гледачите во Хернинг, Фредерикшавн, Трондхајм, Ставангер, Гетеборг и Хелсинборг, ќе имаат можност да ги видат мајсториите на најдобрите ракометарки. 24Ракомет Ви ги претставува учесниците на претстојниот Мундијал...

На претстојното Светско првенство во Данска, Шведска и Норвешка ќе играат 32 репрезентации, поделени во осум групи од по четири, а првите три тима од секоја група поминуваат во главната рунда, додека оние што ќе завршат на последното место ќе играат во Президент Купот.

Натпреварите од Групата Ф ќе се играат во „Јуске Банк Боксен“ во данскиот град Хернинг. Станува збор за уште  дна добро избалансирана група, со две европски и две азиски екипи кои ќе се соочат за трите места резервирани за главната рунда.

Во оваа група се наоѓаат репрезентациите на Германија, Полска, Јапонија и Иран.  Како што е познато, од секоја група три репрезентации ќе се пласираат во следната фаза. Германија, Полска и Јапонија обидат да однесат што е можно повеќе бодови во главната фаза, која исто така ќе се одржи во Хернинг, додека репрезентацијата на Иран е најголемиот аутсајдер.

ГРУПА Ф

                                                        🇩🇪 ГЕРМАНИЈА 🇩🇪

Откако Маркус Гаугиш ја презеде Германија, оваа репрезентација започна да игра се подобро и подобро, бидејќи поранешниот тренер Битигхајм, клуб кој моментално учествува во Лигата на шампионите, донесе доста модерен ракомет, кој одлично се вклопува во неговата репрезентација и квалитетите на неговите избранички,

Германија, исто така, има позитивен биланс против главниот конкурент за првата позиција, репрезентацијата на Полска, има победено на осум од 12-те меѓусебни официјални натпревари што ги одиграа против нив, вклучувајќи шест победи во последните седум натпревари, а последната победа на Полска беше во главната фаза на Светското првенство за 2005 година.

Оттогаш, Германија и Полска се соочија и во пријателски натпревари, вклучувајќи го и оној контролен дуел во март 2023 година, пред да се изврши ждрепката за Светското првенство 2023, тогаш Германија победи со 32:30. Неодамна, двете страни се соочија во прелиминарната фаза на Европското првенство 2022 година, и тогаш подобра беше репрезентацијата на Германија, која триумфираше со 30:23.

Германија на Мундијалите има освоени само четири медали, еден златен во 1993 година, и три бронзени во 1965, 1997 и 2007 година. Сега германската репрезентација ќе посакува освојување на еден од медалите на Светското првенство во Данска. Пведска и Норвешка.

Клучни ракометарки: Катарина Филтер (голман), Емили Белк (лев бек), Алина Гријселс (среден бек)

                                                          🇵🇱 ПОЛСКА 🇵🇱

Селекторот на Полска, Арне Сенстад, влезе во својата четврта година на оваа позиција и се обидува да ја врати славата во Полска, репрезентација која беше четврта на светот на Мундијалите во 2013 и 2015 година, но потоа следуваше пад, па така полската репрезентација заврши на 17. позиција во 2019 година, односно на 15. позиција две години подоцна.

Полска е репрезентација составена од искусни и млади ракометарки, па ќе биде интересно да се види како ќе се справат со репрезентацијата на Јапонија, која што може да предизвика многу проблеми поради брзиот стил на игра. Во репрезентацијата на Полска ќе недостасува Кинга Ахрук.

Како што е познато, екс ракометарката на Будуќност се збогуваше од репрезентацијата во февруари 2023 година, по 209 одиграни натпревари и 569 постигнати голови за својата земја, но сепак Полска ја имаоника Кобилинска, искусен.

Клучни ракометарки: Моника Кобилинска (десен бек), Адријана Горна (лево крило), Александра Росијак (лев бек)

                                                        🇯🇵 ЈАПОНИЈА 🇯🇵

Најдобриот пласман на Јапонија е седмото место на Светското првенето во 1965 година, како и деветто место во 1962 година. На минатиот Мундијал, кој се одржуваше во Шпанија, репрезентацијата на Јапонија заврши на 11. позиција.

Во група со Германија, Полска и Иран, репрезентацијата на Јапонија може да биде подготвена да ја продолжи својата серија на победи против европските репрезентации, бидејќи и Германија и Полска не се навикнати да играат против репрезентации од Азија, кои имаат посебен стил на игра со брз ритам.

Јапонија против Иран, еден од нејзините ривали во споменатата група, ги доби последните пет натпревари во Азиското првенство со голема разлика, како 43:19 во 2022 година, 31:8 во 2018 година и 45:11 во 2015 година.

Всушност, просечната разлика за победа на Јапонија против нивните азиски ривали беше 21,2 гола по натпревар. Јапонија е редовен учесник на Мундијалите од 1995 година, но нема забележителни резултати.

Клучни ракометарки: Нацуки Аизава (среден бек), Кахо Накајама (десен бек), Сакура Каметани (голман)

                                                          🇮🇷 ИРАН 🇮🇷

Иран беше миленик на Светското првенство во 2021 година, издание на кое дебитираа на Мундијалите и овој деби настап за Иран означи уште еден клучен чекор во развојот на спортот во земјата.

Азиската репрезентација заврши на 31. позиција, бидејќи беше во првата фаза беше тешка група, за ривали ги имаше репрезентациите на Норвешка, Романија и Казахстан.

Со една победа тие завршија на 31. позиција, но се сместија како една од врвните азиски страни во женскиот ракомет, бидејќи нивниот учинок и важноста на нивниот изглед не може да се потцени.

Иран се квалификуваше за Светското првенство во Данска, Шведска и Норвешка, откако заврши на четвртото место на Азискиот шампионат минатата година. Тие  победија против Индија, Узбекистан и Австралија, но загубија од азиската моќ, Јужна Кореја, 11:41.

Во полуфиналето, Иран имаше мали шанси и против Јапонија, нивните идни ривали во групата во Данска,Норвешка и Шведска, но претрпеа пораз.

Клучни ракометарки: Фатемa Калили (голман), Фатемa Мерихи (среден бек), Ханије Карими (десно крило)