По трите порази во групната фаза од Унгарија, Полска и Чешка, женската младинска репрезентација на Македонија ќе разигрува за пласман од 9 до 24 место.
Во главната рунда ќе се разигрува во три групи, најдобрите осум продолжуваат во четвртфиналето, додека најлошата третопласирана и трите четвртопласирани во овие групи ќе продолжат во разигрувањето за пласман од 9 до 16 место.
Таму ќе им се придружат првопласираните од трите групи во рундата за пласман, како и најдобрата второпласирана селекција, додека сите останати ќе играат за пласман од 17 до 24 место.
За Македонија, која се најде во групата Ј, следуваат пресметки со Литванија на 14 јули и со Исланд на 15 јули, а го пренесовме и резултатот од пресметката со Полска.
Се уште не е потврдено колку места од ЕП ќе водат на СП за младинки наредната година, а не се знае ниту домаќинот, но многу веројатно 16 место на континенталниот собир ќе носи мундијалски билет.