Машката младинска репрезентација ја очекуваат уште две пријателски средби против селекцијата на Словачка пред стартот на ЕП.
Селекторот Раде Стојановиќ го скрати списокот на ракометари, па 18 останаа во конкуренција за натпреварите со Словачка и за ЕП.
Од претходниот список отпаднаа десното крило Стефан Атанасов, пивотот Андреј Глигоров и голманот Марко Трајков.
Македонија е во група со Хрватска, Австрија и Црна Гора на ЕП, а првиот меч го игра на 10 јули против Црногорците.
голмани: Давид Брестовац, Иван Галевски
крила: Марио Стојановски, Дамјан Субашевски, Ненад Белистојаноски, Јован Даневски
пивоти: Валентин Карасманакис, Дејан Михајловиќ, Самоил Ристевски
бекови: Андреј Стојановски, Дамјан Митев, Димитар Узунчев, Мирче Калајџиески, Славчо Шулески, Кристијан Стаменковиќ, Тодор Узунчев, Томислав Димковски, Давид Димевски