„Сино-белите“ од Автокоманда се пласираа во евро-четвртфинале

Македонскиот освојувач на Купот успеа вторпат да слави над италијанскиот Бриксен, овојпат со 38-31 и се пласира во четвртфиналето на Европскиот Куп.

Избраниците на Кирил Лазаров губеа по првото полувреме со 20-19, но во второто полувреме ја поправија играта и го надиграа ривалот.

Најдобри стрелци во тимот од Автокоманда беа Петковски со осум и Митев со седум погодоци, додека голманите Галевски и Кизиќ комбинираа 15 одбрани.

Ждрепката за четвртфиналето е во вторник, а „сино-белите“ може да играат против српскиот Партизан, грчкиот АЕК Атина, норвешкиот Рунар…