Симовски избра за ЕП: Македонија со 18 ракометарки во Црна Гора

Женската младинска репрезентација на Македонија в среда ќе го започне настапот на Европското првенство во Црна Гора.

Селекторот Симе Симовски избра 18 ракометарки за настап на континенталниот собир во Подгорица, а Македонија имаше голем пех.

Својот настап поради повреди го откажаа двата најголеми адути – Ива Младеновска и Хана Мифтари, додека во текот на подготовките се повреди и Маја Раткушиноска.

Македонија ќе биде во група со Унгарија, Полска и Чешка, а првиот меч го играме на 9 јули против Унгарките со почеток во 19:30 часот.

Состав на Македонија: Гошевска, Наумоска, Хасаноска, Блажеска, Трпеска А., Велкова, Миленкоска, Лашкоска, Трпеска С., Конеска, Беровиќ, Максимовска, Кралева, Котевска, Ристиќ, Тодоровска, Дамјановска, Петрова