Симиќ за 24Ракомет ТВ: Од Кавадарци во Европа се испрати прекрасна слика (ВИДЕО)

Ракометарите на Тиквеш се наоѓаат пред пласман во третата фаза од Европскиот Куп, откако на свој терен го совладаа незгодниот Кремс од Австрија со 33:29. Еден од предводниците во дресот на Тиквеш беше капитенот Страхиња Симиќ, кој за 24Ракомет ТВ ги сподели своите импресии по триумфот на Кремс и се надева дека и на гостувањето во Австрија неговиот тим ќе оствари позитивен резултат. Реванш дуелот меѓу Тиквеш и Кремс ќе се одигра на 21 октомври со почеток од 19:00 часот. Победникот од овој двомеч ќе обезбеди пласман во следната фаза во третото по ранг европско клупско натпреварување. Целосната изјава на Симиќ погледнете ја во видео прилогот...