Симиќ е кавадаречка легенда – стигна до 500 погодоци во дресот на Тиквеш! (ВИДЕО)

Српскиот среден бек Страхиња Симиќ, кој ја игра четвртата сезона во тимот на Тиквеш, на дуелот со Скопје прослави голем јубилеј.

Вториот погодок што го постигна Симиќ од пенал на овој натпревар, беше вкупно 500-ти во кавадаречкиот дрес.

Тој дојде од Шпанија во 2020 година во Кавадарци, и уште од стартот стана миленик на навивачите и љубителите на ракометот во овој град.

Во првата сезона даде 124 гола, во сезоната 21/22 даде 176 погодоци, додека минатата сезона постигна 172 гола.

Од стартот на оваа сезона има постигнато 30 погодоци, а неговиот Тиквеш има шест победи на шест натпревари.

Еве го јубилејниот погодок на Симиќ во дресот на кавадаречкиот тим….