Селекторот на машката репрезентација на Хрватска, Дагур Сигурдсон, го објави списокот на играчи за првата фаза од подготовките која ќе се одржи во Пореч, од 26 до 30 декември годинава.
На списокот на селекторот се наоѓаат 19 ракометари, комбинација од младост и искуство. Поради тоа што Бундес лигата се игра до крајот на месецот, Сигурдсон нема да може да смета на дел од играчите кои се предвидени како носители на играта на претстојното ЕП.
Во рамките на подготовките во Пореч, Хрватска ќе одигра пријателски натпревар против Македонија, на 28 декември. Потоа следува кратка пауза за божиќните и новогодишните празници, а новиот собир, со комплетен состав, е закажан за 2 јануари, кога Сигурдсон ќе смета на сите расположиви сили.
Пред настапот на Европското првенство, хрватските ракометари ќе одиграат и две пријателски средби против Германија – првата на 8 јануари во Загреб, а втората на 11 јануари во Хановер.
Сигурдсон за пресметката со Македонија ќе смета на 19 играчи, меѓу кои ќе биде и членот на Охрид, Анте Иванковиќ, кој оваа полусезона игра во одлична форма.
Список на Хрватска:
Дино Славиќ – Лимож
Филип Периќ – Сесвете
Иван Барбиќ – Нексе
Леон Љевар – Слован
Тин Лучин – Нексе
Дијано Нерис Ќешко – Извиѓач
Лука Мославац – Нексе
Анте Иванковиќ – Охрид
Ивано Павловиќ – Загреб
Матко Мославец – Нексе
Патрик Мартиновиќ – Кадетен Шафхаузен
Матеј Свржњак – Сесвете
Филип Главаш – Загреб
Максимилијан Молц – Сесвете
Златко Раужан – Сесвете
Јосип Шимиќ – Вецлар
Берислав Антонио Токиќ – Трогир
Тони Матошевиќ – Загреб
Тео Поповиќ – Пореч


























