Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер на свој терен без проблеми триумфираше над Прилеп со 46:24 во натпревар од 11. коло во Супер лигата,
За пелистерци ова беше 9-ти сезонски триумф во домашниот шампионат и загревање за важниот натпревар против Фредериција во Лигата на шампионите.
Повремениот тренер на Еурофарм Пелистер, Звонко Шундовски, вели дека сите играчи на денешниот натпревар го дале максимумот.
,,Најважно е дека ракометарите сериозно ја сфатија работата, генерално ова ни е последна подготовка пред натпреварот со Фредериција, новиот тренер е тука, мислам дека целиот расположлив ростер го виде денес, виде како и со што располагаат играчите, пред доаѓањето тој има направено анализа за каква екипа се работи, задоволен е од екипата и нормално, им честитам на играчите за максималното ангажирање на овој натпревар”, изјави Шундовски.
Капитенот на Прилеп, Христи Бикоски, вели дека е задоволство да се игра против битолскиот тим.
,,Чест и големо задоволство е да се игра против една ваква екипа која игра во ЛШ. Се подготвуваме, трениравме, ја искористивме оваа ЕХФ пауза, овој натпревар за нас беше тест, бидејќи во следното коло не очекува тежок натпревар со Пролет на гостински терен и се надеваме на позитивен резултат во Скопје”, изјави Бикоски.
Пелистерци со лесна победа над Прилеп се загреаја за Фредериција