Што му треба на Прилеп за плеј-оф?

Последното коло од регуларниот дел на сезоната треба да реши кој ќе биде шестиот патник во плеј-офот, а за тоа место конкурираат, теоретски три екипи: Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп.

Секој има свои шанси, некои зависи од самиот себе, а некој тим ќе мора да игра, но и да смета на услуга од другите. Тиквеш беше последниот клуб што обезбеди место во плеј-офот, и останува уште едно место.

Во последното коло Бутел Скопје влегува од шестото место на табелата со 20 бодови, пред Еурофарм Пелистер 2 кој има 19 бода, а Прилеп заостанува зад двата тима и има 18 бода.

Двојки за 22 коло:
Бутел – Тиквеш
Еурофарм Пелистер 2 – Струга
Прилеп – Радовиш
Табела:
6. Бутел – 20 бода
7. Еурофарм Пелистер 2 – 19 бода
8. Прилеп – 18 бода

За прилепчани пласманот во плеј-офот е во домен на теорија и зависи од многу фактори. Тие во последното коло се домаќини на Радовиш и мора да победат. И со тој триумф прилепчани ќе зависат од средбите на Бутел и на Еурофарм Пелистер 2.

Тие ќе мораат да загубат, за да останат на сегашните бодови. Во тој случај Прилеп би бил на 6. место бидејќи има подобра меѓусебна гол разлика со Бутел. Секоја друга комбинација не е во прилот на прилепчани.

Во случај сите три екипи да имаат ист број бодови – во предност ќе биде Бутел кој има најдобра бодовна разлика, и гол разлика. Тогаш ќе се прави мини табела од меѓусебните натпревари на трите екипи.

Бутел би имал 5 бода, исто колку и Еурофарм Пелистер 2, а Прилеп би имал само 2 бода. Бутел има гол разлика 115-113, а Еурофарм Пелистер има гол разлика 116-117, односно поради два гола скопјани се подобри.