Шпански арбитри за пресметката меѓу Македонија и Катар

Светската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од второто коло во главната рунда на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.

За натпреварот меѓу Македонија и Катар што се игра во Вараждин, делегирани се арбитри од Шпанија.

Станува збор за Игнасио Гарсија и Андреу Марин Љоренте, додека делегати се Олесен од Данска и Забала од Аргентина.

Натпреварот меѓу Македонија и Катар се игра денеска во „Вараждин Арена“ со почеток во 15:30 часот.