Шок за „рибарите“ – Фарски Острови без најголемата ѕвезда на ЕП?

Кратко време откако стана јасно дека Кил нема да смета до крајот на сезоната на десниот бек Емил Мадсен, „зебрите“ добија уште една лоша вест.

Според „Килер Нахрихтен“, Кил во следниот период нема да смета на средниот бек од Фарски Острови, Елиас Елефсен а Скипаготу.

Тој има повреда на рамото, но неизвесно е колкава ќе биде паузата на Скипаготу и дали ќе биде подготвен за ЕП.

Првата ѕвезда на Фарски Острови ќе ги пропушти двете средби против Магдебург и Ерланген од Бундес лигата, а потоа ќе биде познато дали ќе игра на континенталниот собир.

Фарски Острови е во група со Швајцарија, Црна Гора и Словенија.