Ракометарите на ПИК Сегед се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако ремизираа на гостински терен кај Келце, 32-32, и со триумфот од три гола на првиот меч, тоа беше доволно за ТОП 8. Ривал на ПИК Сегед во битката за Ф4 во Келн ќе му биде Магдебург.
Келце водеше со 31-27 на пет минути до крајот, имаше пласман во ТОП 8 во џеб, но гостите не мислеа така. Миклер фати два шута, казнија Гарсијандија и Јелиниќ на спротивната страна.
Немирот влезе во домашниот тим, па Каралек беше исклучен, промашија Сичко и Даниел Душебаев, и веќе немаше назад. ПИК Сегед израмни на 31-31, потоа и на 32-32, па унгарското славје можеше да почне.
Најдобри стрелци во домашниот тим беа Сичко со осум и Наи со шест погодоци, додека голманот Ферлин запиша 11 интервенции. Кај унгарскиот тим, балканското трио Кукиќ, Јелиниќ и Шоштариќ дадоа по пет гола, а Миклер собра десет одбрани.








