Шок за Хрватска – Дувњак во солзи го напушти мечот со Аргентина!

Хрватска во второто коло од Мундијалот игра со Аргентина, но овој дуел може да биде и последен во дресот на националниот тим за капитенот Домагој Дувњак.

Во раната фаза од мечот, Дувњак побара замена поради болка во листот на левата нога, но масажата не помогна.

Потоа тој во солзи се упати во соблекувалната, а дали ќе заигра повторно на турнирот ќе се знае по деталните лекарски прегледи.

Сомнежите се дека се работи за руптура на листот, но тоа треба допрва да се потврди, а дотогаш ќе биде јасно дали Сигурдсон ќе повика замена, на пример Игор Карачиќ.