Шок за Грузија, Романија со голем чекор кон трет бараж за СП

Селекцијата на Романија славеше кај Турција со 37-32 во првиот меч од вториот бараж за СП 2027 и полека може да прави планови за третиот бараж.

Романците имаа и повисока предност во текот на мечот, но и оваа ќе им гарантира пласман кон последната пречка до Мудијалот.

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Бузле со осум гола, додека исто толку за Турција даде Пеливан.

Победникот од овој двомеч оди на Норвешка во третиот бараж за СП.

Грузија иако двата меча со Израел ќе ги игра на домашен терен, на првиот загуби со 32-29, и покрај одличната партија на Сковребадзе кој даде 12 голови.

Во репрезентацијата предводена од екс тренерот на Вардар, Давид Писонеро, се истакна Низри со осум гола.

Победникот од овој двомеч ќе игра со Шпанија во третиот бараж за Мундијалот 2027.