Шампионoт го засили стручниот штаб – дојде поранешен репрезентативец

Некогашниот македонски репрезентативец Марко Нелоски во претстојната сезона ќе биде дел од шампионскиот тим на Ѓорче Петров. Тој започна да го „пече“ тренерскиот занает во составот на Голден Арт, беше дел од стручните штабови на Никола Матлиески, Владимир Глигоров, Стојан Петрушевски, Филип Глигоров…а сега за првпат ќе биде дел од женски клуб.

Тој ги посетува модулите на Здружението на ракометни тренери на Македонија, а сега во Ѓорче Петров ќе соработува со Симе Симовски и ќе има можност уште повеќе да напредува во тренерската кариера.

Поранешниот репрезентативец на Македонија потекнува од Струга, освен за матичниот клуб играше за Металург и за германскиот Кобург, но поради повредите подолго време е надвор од теренот, и реши да се посвети на тренерскиот занает.

Со Ѓорче Петров веќе освои еден трофеј, на турнирот „Ѓорче Куп“, а во претстојната сезона освен на домашна сцена, шампионот ќе биде активен и на меѓународна сцена во Лигата на Европа, каде исто така амбициите се високи.