Женската репрезентација на Македонија ќе има голем предизвик и ќе се соочи со Полска во бараж двомечот за пласман на СП 2025 во Германија и Холандија.
Селекторот на Полска, Арне Сенстад, неодамна го продолжи договорот со федерацијата до 2026 година и за него двомечот со Македонија ќе биде од голема важност да ја оправда довербата.
„Има голема разлика меѓу Косово, кое ни беше ривал во претходниот бараж и Македонија, против која ќе играме сега. Македонија беше меѓу четирите селекции што сакавме да ги избегнеме во ждрепката. Сепак мора да се фокусираме на тоа дека не очекуваат два тешки натпревари и мораме да направиме добар резултат. Се надевам дека ќе влеземе во добра форма, без повреди и дека ќе ја оправдаме фаворитската улога“, вели Сенстад.
Првиот натпревар меѓу Полска и Македонија се игра во Кошалин на 9 април од 20:30 часот, додека реваншот е во Битола на 12 април од 19:00 часот.