„Селекторот силно веруваше во нас – тоа се преслика на теренот“

Десниот бек Мартин Серафимов имаше голема улога во убедливата победа на Македонија над Фарски Острови со 34-26 во реванш средбата од баражот за СП 2025.

Тој вели дека селекторот Кире Лазаров одлично ги мотивирал пред натпреварот и тоа беше пресудно според десниот бек.

„Селекторот Лазаров силно веруваше во нас, но и сите ние верувавме во себе. Бевме многу мотивирани и мислам дека тоа комплетно се преслика на теренот. Знаевме дека можеме да славиме со потребната разлика и многу сум среќен и горд на оваа публика која ни даваше огромна поддршка во текот на целиот натпревар“, изјави Серафимов.

Македонија ќе биде дел од третиот шешир пред ждрепката на 29 мај од 17:30 часот во Загреб и тогаш ќе биде познато во кој град ќе игра на Мундијалот.