СЕХА лигата нема да се игра оваа сезона?!

Според пишувањата на белорускиот „Спорт 5“, источната дивизија во регионалната СЕХА лига нема да стартува на време, а можеби и воопшто нема да се игра. Oд 2022 година активно е само „источното крило“ во СЕХА, но се чини дека сезонава нема ниту таму да се играат натпревари.

Во оваа „источна“ дивизија, во која се наоѓаат клубови од Русија и Белорусија, во новата сезона треба(ше) да играат девет екипи, но првите две кола во септември се одложени.

Најпрво беше откажан „Купот на дружбата“ што требаше да се игра на 29 и 31 август во Белград со Црвена Ѕвезда, Олимпијакос, Зенит и Мешков Брест.

Во текот на денешниот ден белоруските клубови СКА Минск и Мешков Брест, добиле известување од раководството на СЕХА за одложениот старт, но без многу детали.

Руските и белоруските клубови во време кога немаа европски натпревари под капата на ЕХФ, ја користеа СЕХА лигата за одржување на континуитет на меѓународни настапи.