Со вкупно 15 гола на двата меча, против Азербејџан и со Литванија, Андреа Седлоска беше името на нашиот бек што сигурно им „влезе во око“ на многумина. Нејзината ефикасност и донесе и место во идеалниот тим по првите две кола од квалифкациите за ЕП 2024 година, во изборот на ЕХФ.
Таа во Скопје со Азербејџан постигна седум гола, а во Вилнус против Литванија имаше осум од осум. Македонија со двете победи по ред направи сериозен чекор кон пласманот на ЕП 2024 година, иако остануваат да се играат уште четири натпревари. Сите се планирани за на промет.
Покрај Седлоска, „ол-стар“ тимот го сочинуваат голманката Ана Кристенсен од Данска, левото крило Клое Валентини од Франција, средниот бек Кристина Ласло од Романија, десниот бек Теа Стурлудотир од Исланд, десното крило Алисија Тублон од Франција и пивотот на норвешката репрезентација, Вилде Ингштад.
Погледнете ги најдобрите ракометарки на секоја позиција во првите две кола од квалификациите за ЕП 2004.
Meet our 𝗕𝗘𝗦𝗧 𝟳 for the #ehfeuro2024 qualifiers! 🙌 These players have shone among the rest in Round 1&2. 🔝
Anyone missing from the list? 👇 #catchthespirit #ehfeuro pic.twitter.com/bssA0J2jxq
— EHF EURO (@EHFEURO) October 17, 2023