Изминатиот викенд се одиграа голем број на завршници во Куп натпреварувањата насекаде низ Европа.
Најинтересно беше во Унгарија, каде се играше женскиот Ф4, а таму екипата на Ференцварош го совлада Ѓер со 25-24 по шутирање на пеналите, откако во регуларниот дел мечот заврши 23-23. Иако Ѓер имаше и плус пет, сепак Ференцварош успеа да направи комплетен пресврт.
По првата пенал серија беше 1-1, а победничкиот гол беше дело на Клујбер во втората серија. Потоа се разбранија Тофт и Глосе, па до петтата серија немаше промени и Ференцварош ја освои 16 титула во Купот на Унгарија. Најдобри кај победникот беа Клујбер со пет гола, додека Маслова, Цвијиќ и Лекиќ дадоа по четири гола. Во составот на Ѓер се истакна Хоуснер со 11 гола.
Во Словачка, играа и мажите и жените. Во машка конкуренција, Повашка Бистрица направи мала сензација и го совлада Татран Прешов со 27-22, додека кај дамите тимот на Драгана Петковска, Јувента Михаловце загуби од Дунајска Стреда со 33-28.
Во Швајцарија и кај мажите и кај жените имаше драматични завршници. Криенс Луцерн за гол беше подобар од Вакер Тун со 33-32, додека кај дамите Шпоно Иглс го совлада тимот Цуг со 24-23.
Во Чешка, машкиот Куп трофеј го освои Карвина со триумфот против Плзен со 29-28, а женскиот отиде во витрините на Бањик Мост, по победата над Кинжварт со 31-27.
Во Германија, играа дамите и убедлива победа во финалето прослави Лудвигсбург над составот на Бломберг со 31-21, додека во Шведска исто така се играше само женското финале кое заврши во корист на Хор по триумфот над Скуру со 30-18.
Во Италија, се играше во двете конкуренции. Освојувачи на трофеите се Касано, кој славеше во машкото финале против Конверзано со 29-26, додека кај дамите, Ериче го победи составот на Салерно со 25-23.