Норвешкиот репрезентативец Сандер Сагосен сруши рекорд што беше стар 28 и датираше од 1998 година.
Со головите постигнати на пријателскиот натпревар против Данска, кој Норвешка го загуби со 39-30, Сагосен стана најдобар стрелец во историјата на машкиот репрезентативен ракомет.
Тој сега има 941 голови, а зад себе го остави Рожер Кјендален кој има 939 погодоци на вечната листа на стрелци.
Трет на таа листа останува Хавард Тведтен кој има досега 809 голови, а Бјарте Мирхол во неговата кариера постигна 803 голови.


























