„Сѐ што направи Расмусен беше погрешно“

Богатиот проект на Рапид Букурешт се наоѓа пред елиминација од Лигата на шампионите, бидејќи во досегашниот тек од групната фаза одигра под своите очекувања.

Романскиот шампион на две кола пред крајот од групната фаза во елитата има само седум бода, додека Ференцварош, кој вчера славеше токму над Рапид Букурешт, со десет бодови се наоѓа на 6. позиција, која носи пласман во осминафиналето од најквалитетното европско натпреварување.

Претседателот на Рапид Букурешт, Богдан Васлиу, го критикуваше поранешниот предводник, Ким Расмусен.

Според Васлиу, искусниот Расмусен, кој доби отказ на почетокот на месец септември, откако Рапид Букурешт доживеа четири порази, имал погрешна стратегија.

,,Ќе веруваме во нашите шанси до крајот од групната фаза. Постои надеж дека Ференцвароши ќе загуби во последните две кола. Јас сум многу тажен. Верував во победа во минатото коло. Наша цел во домашниот шампионат е второто место, што ќе ни овозможи да сметаме на добивање вајлд-карта во Лигата на шампионите. Ким Расмусен целосно потфрли во летниот период. Тој е главниот виновник за нашиот слаб старт на сезоната. Сè што направи беше сосема погрешно. Во тоа време, неговото назначување изгледаше како добра одлука”, изјави Васлиу.

Рапод Букурешт на следните два дуели, против Заглебје и Есбјерг, мора да го даде максимумот доколку сака да остане во елитата, но и да се надева на пораз на Ференцварош од Вајперс и Мец.

Екс тренер на Вардар доби отказ по четири порази!

 

 

 

Богатиот проект на Рапид Букурешт пред елиминација во ЛШ