РСС потврди: Бент Дал е новиот селектор на Србија

Ракометниот сојуз на Србија преку својата официјална страна потврди дека нов селектор на женската репрезентација ќе биде Норвежанецот Бент Дал.

Неговиот ангажман на клупата на Србија ќе трае до крајот на квалификациите за ЕП 2026, со можност договорот да биде продолжен доколку двете страни се задоволни од соработката.

Норвежанецот на репрезентативно ниво беше предводник на женските репрезентации на Чешка и Италија, додека на клупско ниво работеше во повеќе европски клубови.

Како што е познато, свој камбек во репрезентацијата на Србија ќе имаат некогашните членки на Вардар – Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ.

Камбек најави и Катарина Томашевиќ, а многу веројатно ќе играат уште неколку ракометарки кои претходно најавија повлекување од репрезентацијата.