Екипата на ЦСКА Москва, во која настапува репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, успеа да го одбрани Куп трофејот во Русија.
Во спектакуларното финале, кое беше одиграно во Ростов, московската екипа славеше над домашниот тим после пеналите со 30:29.
Голем придонес во победата на ЦСКА Москва имаше токму Ристовска, која во финалето беше меѓу најефикасните, постигна четири погодоци.
Македонката си обезбеди место во идеалниот тим и беше прогласена за најдобро десно крило на годинешното издание во рускиот Куп.
За ЦСКА Москва ова е трет Куп трофеј во својата клупска историја, тимот на Ристовска освен минатата сезона, го освои златото во Купот на Русија и во 2022 година.
Спектакуларно финале: Ристовска и ЦСКА среде Ростов се радуваа на Куп трофеј!