Ристевски даде девет гола, четврта радост за Преспа

Ракометарите на Преспа ја забележаа четвртата победа во прволигашката конкуренција, откако славеа на гости кај Шампион со 31-27.

Само на стартот беше 1-1, а потоа гостите ја преземаа контролата на теренот, по петнаесетина минути веќе беше 11-5.

На паузата Преспа имаше шест плус, а во вториот дел немаше дилеми околу победникот, па ресенци на крајот се израдуваа на бодовите.

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Христијан Ристевски со девет гола, а исто толку даде Давид Јовчевски за Шампион.