Селекторот на машката репрезентација на Исланд, Снори Гудјонсон, го објави списокот на ракометари за Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
Гудјонсон реши да ги изостави левото крило Стивен Валенсија од Бенфика и десното крило Сигвалди Гудјонсон од Колстад, а шанса ќе добијат Торкелсон од Спортинг и Рикардсон од Кадетен, кои играат во одлична форма.
На голманската позиција ќе бидат ветеранот Густавсон и младиот Халгримсон, а во бековкската линија ќе доминираат двоецот од Магдебург, Кристјансон и Магнусон.
Исланд е во група со Унгарија, Италија и Полска, а пред ЕП ќе одигра две пријателски натпревари против Словенија, односно Австрија или Франција.


























