Управниот Одбор на Ракометната федерација денеска ја донесе одлуката дека во новата натпреварувачка сезона ќе има две женски лиги – Супер лига и Прва лига, исто како кај мажите.
Оваа одлука се случува по барање на клубовите и по конференцијата која се одржи кон крајот на минатиот месец. За ова 24Ракомет најави уште пред еден месец.
Уште лани клубовите имаа договор да се примени оваа стратегија, со цел подигање на квалитетот и имање на повеќе дерби средби, а сега и формално тоа го изгласаа.
Од сезона 2025/2026, се формира нов систем на натпреварување во женската ракометна лига.
„Првите 8 (осум) екипи согласно пласманот од натпреварувачка сезона 2024/25 ќе се натпреваруваат во Супер женска ракометна лига, останатите 7 (седум) екипи ке се натпреваруваат во Прва женска ракометна лига.
Екипите ке се натпреваруваат во дво-кружен бод систем (2х домаќин, 2х гостин) вкупно 28 кола во двете лиги.
Со тоа се зголемува бројот на квалитетни натпревари и ривалитетот на екипите со приближно ист квалитет што доведува до подобрување и подигнување на квалитетот на женската ракометна лига“, се вели во одлуката на РФМ.
Ќе има испаѓање од Супер лигата, и влегување од Прва лига во повисок ранг, а ќе има и други новини, во однос на плаќање на судиите, но и подгнување на стандардите за играње на мечевите од Супер лигата.
Допрва РФМ ќе ги изготви пропозициите каде ќе има повеќе детали за претходно наведените точки, а наскоро ќе биде познат стартот и календарот.